
Вработените се нашата движечка сила
Нашето основно мото е „задоволни вработени - задоволни купувачи“. За тоа ТОБАКО применува модерен и систематски пристап во управувањето со човечките ресурси, преку селектирање и распоредување на вработените, вреднување на нивните резултати, унапредување и наградување, како и континуирана обука.
Покрај добрата организациска поставеност во компанијата и пријатната работна атмосфера, компетентентниот и мотивиран тим е клучeн фактор за успехот. Нашите вработени се нашата движечка сила. Tиe се вистински професионалци, лојални, посветени и подготвени да одговорат на предизвиците и барањата на денешниот современ купувач.
Вработувањето во ТОБАКО претставува гаранција за работа во општествено одговорна компанија која ги почитува човековите права, ги исполнува законските барања, се грижи за здравјето и безбедноста на вработените. Кодексот на етика и однесување ги дефинира: нашите вредности, деловната етика и корпоративната култура. Ние сме стручни, работиме чесно и искрено и секогаш превземаме одговорност за нашите дејствија.





