
Нивното задоволството е наш успех
Задоволството на купувачите се наградува со доверба, а довербата градена две децении е одговорност која треба да се негува. За таа цел ТОБАКО континуирано е посветен кон развивање на долгорочни односи, поставувајќи го купувачот секогаш на прво место. Преку ширење на нашата продажна мрежа и континуирано збогатување на портфолиото на производи и услуги кои ги задоволуваат различните вкусови на купувачите, ТОБАКО нуди висококвалитетната и надалеку прочуена услуга достапна 24 часа 7 дена во неделата.
Успехот на ТОБАКО се отсликува преку 50,000 задоволни потрошувачи кои секојдневно ги посетуваат нашите продажни места.
Центарот за поддршка на ТОБАКО кој пред сè е во функција на купувачите 24/7 како и професионалниот и посветен тим на вработени креираат дополнителна вредност за купувачите и придонесуваат за извонредниот квалитет на услугите.





