ТОБАКО доби признание за општествено одговорна практика
Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на РМ, на ТОБАКО му доделија признание за општествено одговорна практика во 2010 година. Признанието се однесува на проектот “ТОБАКО ... во твојот круг” и спаѓа во категоријата вложување во заедницата кај големи претпријатија. Ова е втора награда на ТОБАКО на овој конкурс. Признанието претставува потврда и дополнителен мотив да продолжиме да дејствуваме како општествено одговорна компанија.

“TOBACCO“ по втор пат македонски супербренд
Новото рангирање на Superbrands Macedonia за 2011/2012 година покажа дека брендот “TOBACCO” припаѓа на македонскиот клуб нa најдобри пазарни марки. Oваа година во Македонија, Superbrands по втор пат го организираше и надгледуваше процесот на гласање, согласно со меѓународните стандарди. Гласаа 50 членови на Стручниот совет, a во предвид се земаа и повеќе од 8.000 гласови на потрошувачите кои во текот на целата година имаа можност да гласаат преку интернет страницата на Супербренд Македонијa.

Признание за општествено одговорна практика во 2009 година
Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија, на ТОБАКО му доделија признание за општествено одговорна практика во 2009 година. Признанието се однесува на проектот „Добар сосед“. Националната награда е спроведена во рамките на проектот „Општествената одговорност на претпријатијата во РМ“ кофинансиран од Европската Унија.

“TOBACCO“ стана македонски супербренд
Во 2009 година, TOBACCO за прв пат го доби престижното признание Superbrands. Гласањето беше организирано и надгледувано од глобалната организација Superbrands присутна во 86 земји. Гласаа членови на Стручниот совет, познати деловни и маркетинг професионалци од македонски компании, маркетинг агенции, локални медиуми, претставници од Владата и професори од локалните универзитети.






