Заедницата е наша одговорност

Грижата за општото добро претставува еден од највисоките приоритети во системот на вредности на ТОБАКО. Со поддршка на проекти од хуманитарен карактер и од областа на културата, спортот, науката, образованието и заштитата на човековата околина, ТОБАКО настојува да придонесе за унапредување и подобрување на целокупниот квалитет на животот во поширокото опкружување во кое дејствува.

Како и во изминативе две децении така и во иднина, стратешка насока на ТОБАКО е да ја инкорпорира општествената одговорност во секојдневното свое делување и работење потврдувајќи ја со тоа својата улога на „добар корпоративен граѓанин“.