
2011
• Развиен е електронски систем за наплата на сметки за режиски трошоци од различни оператори. Новата услуга е воведена под брендот ПЛАТИ СМЕТКА.
• Започна теренска продажба на производите од Државна Лотарија на Македонија.
• Развиен е електронски систем за подготовка, продукција, дистрибуција и продажба на билети за настани. Креирани се брендот БИЛЕТИ и веб страната www.bileti.mk.
• ТОБАКО воведе нов концепт на малопродажна мрежа, под брендот 24/7 и го отвори првиот малопродажен објект во центарот на Тетово.
• ТОБАКО стана ексклузивен застапник и дистрибутер на ЈАКЕ бонбоните за Македонија.
• Отворени се 7 киосци.
• Отворен е еден Together салон.
• Отворен е еден 24/7 салон.
2010
• Извршена е трансформација во акционерско друштво.
• ТОБАКО ја основа компанијата МК Осигурување, акционерско друштво за застапување во осигурување. Започната е продажба на осигурителни полиси во Together продажната мрежа.
• Потпишан е Договор за ексклузивно застапништво на канадската компанија GlobeWyze Inc. за југоисточна Европа. Продажба на WYZER, една од најмалите bluetooth слушалки во светот.
• Отворени се 6 ексклузивни продажни салони Together.
• Отворени се 17 киосци.
• Број на вработени – 304.
2009
• Бизнисот се преструктуира - ТОБАКО ТП и БЈ ТОБАКО дооел се споија во едно трговско друштво ТОБАКО дооел, со асистенција на Price Waterhouse Coopers – Скопје.
• Развиено е ново техничко решение - електронска трговија за надополна на припејд сметки преку веб страната www.e-voucher.mk.
• Потпишан е Договор со Државна лотарија на Македонија за продажба на сите видови игри на среќа како и вршење исплата на добивки.
• Формиран е Help Desk контакт центар за 24 часовна поддршка на малопродажната, големопродажната мрежа и крајните корисници.
• ТОБАКО доби признание за водечки бренд во Македонија, од страна на меѓународната организација Superbrands.
• Отворени се 8 ексклузивни продажни салони Together низ Македонија.
• Отворени се 2 TOBACCO кисоци во Скопје.
2008
• ТОБАКО го претстави новиот продажен концепт - ексклузивна малопродажна мрежа Together, со отварање на првиот салон во Охрид.
• Отворени се 10 ексклузивни продажни салони Together низ Македонија.
2007
• Потпишан е Договор со ATX Software LTD за електронска надополна на припејд сметки преку ПОС терминали, во големопродажната и малопродажната мрежа на ТОБАКО.
• Развиена е сопствена веб апликација за електронска надополна на припејд сметки. Овозможена е големопродажба на е-ваучери преку компјутер поврзан на интернет.
• Потпишан е Договор за трговско застапување со компанијата AXXON, за дистрибуција и продажба на TOSHIBA и SUNLIGHT батерии, TROJAN презервативи, XL пенкала и запалки, JIP лепаци, CASABLANCA колекција за одржување чевли.
2006
• Регистрирана е компанијата БЈ ТОБАКО дооел, со цел проширување и унапредување на работењето.
• Започна продажба на целокупното портфолио производи и услуги од Македонски телекомуникации и Т-Мобиле Македонија.
2005
• Започната е соработка со Euronet Worldwide, најголемиот процесинг центар за електронска надополна на припејд сметки за мобилна телефонија.
• Започната е соработка со Народна Банка на РМ за дистрибуција и продажба на таксени марки и менични бланкети.
• Имплементиран е интегриран Систем за управување со квалитет и животна средина, сертифициран согласно ISO 9001:2000 и ISO 14001:2004 стандардите, од страна на компанијата BSI ( British Standards Institution).
2004
• Имплементиран е Систем за управување со квалитет, сертифициран согласно ISO 9001:2000 стандардот, од страна на реномираната и овластена компанија BSI (British Standards Institution).
2003
• ТОБАКО стана застапник на Македонски телекомуникации за дистрибуирање и продaвање на хартиени ваучери за припејд корисници.
1999
• Потпишан е Договор за трговско застапување со МобиМак за дистрибуција и продажба на хартиени ваучери за припејд корисници.
1995
• ТОБАКО отпочна да врши улична продажба на лотариски производи во периодот до 1999 година.
1994
• Отворен е третиот киоск во Скопје.
1993
• Брендот е заштитен како индивидуален трговски жиг во Заводот за заштита на индустриска сопственост.
• ТОБАКО започна да врши меѓународен транспорт и шпедиција на производи за широка потрошувачка, во периодот до 1996 година.
• Потпишан е Договор со Македонија Табак за дистрибуција и продажба на тутунски производи во периодот до 1998 година.
1992
• Отворен е вториот киоск во Скопје.
1990
• Компанијата е основана на 1-ви ноември, како ТОБАКО – тутун ТП од страна на Бошко Јанев.
• Oтворен е првиот киоск, во тоа време и единствен модерен киоск во Македонија, со работно време 24/7.
• Склучен е Договор со Лотарија на Македонија за дистрибуција и продажба на лото и лотариски производи.
• Број на вработени – 2.





