
ТОБАКО е континуирано посветен кон развивање на долгорочни односи, поставувајќи го купувачот секогаш на прво место. За таа цел, во 2009 година TОБАКО формираше сопствен центар за поддршка Help Desk кој обезбедува 24 часовна поддршка на малопродажната, големопродажната мрежа и крајните корисници.
Help Desk центарот претставува единствена точка за контакт преку која корисниците ќе ја добијат потребната информација, во било кое време од денот или ноќта. Help Desk центарот на ТОБАКО воедно претставува и Call центар за две компании: Сава Осигурување и Европска Очна Болница. На бесплатните телефонски броеви 0800-800-00 за Сава Осигурување и 0800-800-08 за Европска Очна Болница можете да ги добиете сите потребни информации за овие две компании, како и услугите што ги нудат.
Центарот за поддршка на ТОБАКО, кој е пред сè во функција на купувачите 24 часа 7 дена во неделата, креира дополнителна вредност за купувачите и придонесува за извонредниот квалитет на нашите услуги.





