Брендот е регистриран во 1993 година, но истиот е креиран и развиван од самото основање на компанијата и отворањето на првиот киоск во 1990 година. Денес ова е корпоративниот бренд на компанијата ТОБАКО, но истовремено брендот ја претставува и малопродажната мрежа на киосци. Секако, ова не е случајно. Компанијата и продажната мрежа на киосци се под истиот бренд, затоа што токму тој најдобро ја претставува сликата за ТОБАКО - од КИОСК до КОМПАНИЈА. Логото се состои од зелен круг во кој е вметнат иницијалот Т, за ТОБАКО. Наша цел е еден ден да бидеме присутни во кругот на сите жители во Македонија и да бидеме дел од нивното секојдневие.
Брендот е претставен во 2007 година и ја претставува електронската услуга за надополна на припејд сметки за мобилна и фиксна телефонија. Денес, купувачите можат да го сретнат брендот e-voucher во над 3000 продажни места од дистрибутивната мрежа на ТОБАКО, како и во малопродажните мрежи TOBACCO и Together и да ја надополнат својата припејд сметка од Т-Мобиле или Македонски телекомуникации.
Брендот е создаден во 2008 година и ја претставува мрежата ексклузивни продажни салони со работно време 24/7. Во Together, заедно со нашите партнери на пазарот нудиме концепт кој е единствен во светски рамки. Уникатноста на концептот на глобално ниво, во самото лого симболично е претставено со глобус. Трите точки асоцираат на продолжение и континуитет во работата со една единствена цел – потребата на соврмениот купувач.
Брендот е создаден во 2010 година и го претставува акционерското друштво за застапување во осигурување, формирано од страна на ТОБАКО. Во самото лого е интегриран основен зелен круг кој ја претставува тесната врска помеѓу ТОБАКО и МК Осигурување. Денес, под овој бренд во продажната мрежа Together купувачите можат да ги најдат сите видови полиси за неживотно осигурување од Сава Табак, 24 часа 7 дена во неделата.
Брендот е креиран со цел да ја претставува новата електронска услуга, плаќање на сметки за режиски трошоци, планирана да започне во текот на првиот квартал од 2011 година. Логото е изработено во заштитните бои на ТОБАКО и има изглед на насмеано лице. Стрелките ги формираат буквите П и С (иницијалите од ПЛАТИ СМЕТКА). Логото комуницира какво е чувството да се ПЛАТИ СМЕТКА во нашите продажни мрежи – во пријатен амбиент, со љубезен персонал зад кои стои компанија со долгогодишна традиција и реноме.
Брендот е создаден за потребите на новата електронска услуга која овозможува продажба на билети од една база на податоци. Почетокот на услугата БИЛЕТИ е планиран за вториот квартал од 2011 година. Логото има изглед на око во анфас - око кое будно ги следи културно-уметничките, спортските и останатите настани. Зеницата на окото е претставена со триаголник, општо прифатен знак за PLAY, што се врзува за слоганот Купете билети и забавата може да започне!