ТОБАКО е водечка компанија на македонскиот пазар во доменот продажба на производи и услуги за широка потрошувачка. Застапуваме светски познати брендови чии производи ги дистрибуираме и продаваме во нашите трговски мрежи на целата територија на Република Македонија. Развиваме иновативни електронски услуги, за да ги задоволиме очекувањата на современиот купувач.

Лидерската позиција на пазарот се темели на успешна комбинација на повеќе сродни фактори, почнувајќи од уникатниот концепт на работа и посветениот тим на вработени, преку успешната соработка со партнерите па сè до инвестирањето во сопствените брендови и продажната мрежа. Дваесет и четири часовниот контакт со купувачите и нивната доверба ни овозможија да стекнеме огромно искуство и самодоверба кои ни го трасираат патот за натамошните чекори.

Континуирано ја одржуваме и унапредуваме долгогодишната успешна соработка со партнерите кои предничат во своите категории. Започнуваме соработка и со нови реномирани компании, со цел проширување на продажното портфолио на производи и услуги. Партнерите кои партиципираат во продажните мрежи на ТОБАКО со нивниот асортиман на производи и услуги или преку закуп на продажен и рекламен простор, се едни од најголемите компании во државата и пошироко.