ТОБАКО АД ќе направи емисија на 200.000 обични акции по пат на јавна понуда. Минималната цена на една акција изнесува 617 денари. Деталите за самата понуда и роковите и начините на кои може да се изврши упис на акции ќе бидат објавени во печатените медиуми и на веб страната www.tobacco.mk веднаш по божиќните празници.

Одлуката за докапитализација е донесена уште во 2009 година во согласност со деловната стратегија е и во поддршка на планот за проширување на продажната мрежа. Во изминатите две години менаџментот напорно работеше за пре- структуирање на компанијата и подготовка за новата емисија на акции. Во текот на преструктуирањето соработувавме со PricewaterhouseCoopers, EBRD, USAID и IFC, кои помогнаа во поставување на современа структура на корпоративно управување и систем на управување со ризиците што би придонело за поголема вредност на идните акционери. Секако во текот на самата подготовка на Проспектот соработувавме и со неколку организации како НЛБ Тутунска Брокер АД Скопје и Grant Thornton ДОО, кои имаа консултативна улога. Kомпанијата има реален бизнис план и веќе изградена позиција на пазарот кои би требало да побудат интерес кај инвеститорите, а особено во услови кога другите можности за оплодување на капиталот се ограничени. Основно верување на менаџментот е дека инвестирањето во услови на криза е од стратешка важност за успехот на компанијата на долг рок. Деталите за Стратегијата и Планот за развој се опширно опфатени во Проспектот. Средствата од јавната понуда ќе бидат насочени кон инвестиции во продажната мрежа и кон оптимизација на структурата на капиталот во согласност со Бизнис планот на компанијата. Намената на средствата е рас- пределена така да обезбеди добар поврат на инвестиција на акционерите. Тоа што е напишано во Проспектот е обврзувачко и менаџментот на компанијата мора да се стреми да ги оствари целите кои се опишани во него. Реализацијата на планот на развој ќе се заснова на остварување на клучните фактори за успех преку искористување на конкурентските предности. Планот за развој опфаќа проширување на малопродажната мрежа, зголемување на приходите од услуги и зголемување на приходите од маркетинг активности. По божиќните празници, Проспектот и Поканата за запишување на јавно понудените акции ќе бидат објавени и јавноста ќе има можност да се запознае со сите аспекти на понудата. Особено задоволство ќе ни претставува доколку имаме голем број на акционери и доколку голем број од тие акционери се наши редовни купувачи. ТОБАКО е компанија ориентирана кон купувачот, бидејќи сите процеси во компанијата започнуваат и завршуваат со него.