Државна лотарија на Македонија беше организатор на Турнир во мал фудбал “Тото Плус” кој се одржа во спортската сала Форца, во периодот од 3ти до 25ти декември. Учество земаа вкупно 20 екипи, а првото место на ТОТО Плус турнирот го освои екипата на Општина Чаир. Покрај наградите од Државна лотарија на Македонија, Еуростандард банка и Орка спорт, победниците добија и вкупно 10 мобилни телефони што ги додели ТОБАКО. Во ревијалниот дел од Турнирот учествуваа екипите на ТОБАКО, Државна лотарија на Македонија, СИМТ и Алфа ТВ. Освојувач на ревијалниот дел од Турнирот е екипата на Алфа ТВ. Нека им е со среќа на победниците!









