ТОБАКО АД - ЈАВНА ПОНУДА НА АКЦИИ

05 јануари 2012
ТОБАКО АД ќе направи емисија на 200.000 обични акции по пат на јавна понуда. Минималната цена на една акција изнесува 617 денари. Деталите за самата понуда и роковите и начините на кои може да се изврши упис на акции ќе бидат објавени во печатените медиуми и на веб страната www.tobacco.mk веднаш по божиќните празници.

Доделување на автомобили пред ТЦ Бисер

05 јануари 2012
На 05.01.2012 пред ТЦ Бисер во Скопје беа доделени 3 автомобили. Едно Рено Твинго од инстант лозовите Твингоманија и два Фолксваген Поло од лозовите Среќни Тркала. Среќниот добитник на Рено Твинго доби гратис КАСКО осигурување од МК ОСИГУРУВАЊЕ со полиса од Сава Осигурување. Нека им е со среќа на добитниците!

Турнир во мал фудбал “Тото Плус”

26 декември 2011
Државна лотарија на Македонија беше организатор на Турнир во мал фудбал “Тото Плус” кој се одржа во спортската сала Форца, во периодот од 3ти до 25ти декември. Учество земаа вкупно 20 екипи, а првото место на ТОТО Плус турнирот го освои екипата на Општина Чаир. Покрај наградите од Државна лотарија на Македонија, Еуростандард банка и Орка спорт, победниците добија и вкупно 10 мобилни телефони што ги додели ТОБАКО. Во ревијалниот дел од Турнирот учествуваа екипите на ТОБАКО, Државна лотарија на Македонија, СИМТ и Алфа ТВ. Освојувач на ревијалниот дел од Турнирот е екипата на Алфа ТВ. Нека им е со среќа на победниците!