ТОБАКО нуди можност за закуп на рекламни површини на повеќе од 50 продажни места низ Македонија. Огласните површини се наоѓаат на атрактивни локации во централните подрачја, во близина на главни раскрсници, плоштади, автобуски и железнички станици, покрај кои во текот на денот минуваат илјадници луѓе и возила. Вашата реклама ќе ја видат преку 50.000 купувачи кои секој ден пазарат во продажните мрежи на ТОБАКО.

Можностите за рекламирање во продажните мрежи на ТОБАКО се разновидни, од надворешни билборди, светлечки и несветлечки постери, реклама на ЛЦД монитор, подни налепници, брендирање на излог и многу други во зависност од барањата и потребите на клиентот.

ТОБАКО издава свој каталогот Together во кој ќе прочитате за новостите во компанија, ќе се запознаете со асортиманот на производи и услуги, и тековните акции во продажните мрежи TOBACCO, Together и 24/7. Together каталогот излегува еднаш месечно и се печати на минимум 20 страници во тираж од 50.000-70.000 примероци. Каталогот се инсертира секој месец во весникот Дневник и се изложува во продажните мрежи TOBACCO, Together и 24/7, насекаде низ Македонија.

Рекламирањето во нашите продажни мрежи, како и во Together каталогот има докажан позитивен ефект врз продажната вредност на рекламираниот производ и претставува канал за рекламирање кој треба да биде составен дел од вашата рекламна кампања.

Можности за рекламирање во продажната мрежа Together 

преземи документ (PDF)

Можности за рекламирање во продажната мрежа 24/7

преземи документ (PDF)

Можности за рекламирање во каталог Together

преземи документ (PDF)