
ТОБАКО ги следи светските трендови и континуирано ја збогатува палетата на производи и услуги ставајќи ја потребата на купувачот секогаш на прво место. Застапуваме светски познати брендови чии производи ги дистрибуираме и продаваме во нашите трговски мрежи на целата територија на Република Македонија. Нашата крајна цел е да понудиме висококвалитетни производи и услуги, насекаде во секое време.
Портфолио на производи:
Тутун, тутунски производи и цигарска хартија, весници и списанија, лотариски производи, кондиторски производи, телефони и фото апарати, припејд ваучери, сим картички, билети за културно-уметнички, забавни, спортски и други настани, таксени марки и менични бланкети, книги, канцелариски и училишен потрошен материјал, останати производи: дополнителна опрема за телефони и фото апарати, мемориски картички и усб стикови, батерии, презервативи, запалки, итн.
Портфолио на услуги:
Склучување на договори за мобилна телефонија, склучување на договори за фиксна телефонија и интернет, изготвување на осигурителни полиси, плаќање на сметки за режиски трошоци, подигање на парични средства – преку банкоматите на НЛБ Тутунска банка.
Нашите партнери:
Партнерите кои партиципираат во продажните мрежи на ТОБАКО со нивниот асортиман на производи и услуги или преку закуп на продажен и рекламен простор, се едни од најголемите компании во државата и пошироко.






