
ТОБАКО ги прати прогресивните трендови и развива иновативни електронски услуги за да ги задоволи очекувањата на современиот купувач. Развиваме решенија за електронска трговија и располагаме со сопствен процесинг центар кој ни овозможува проширување на активностите во доменот на електронските услуги.

Услугата e-voucher овозможува надополна на припејд сметки за мобилна и фиксна телефонија од T-Mobile и T-Home. Услугата е достапна во малопродажната и големопродажната мрежа на ТОБАКО, како и преку веб страната www.e-voucher.mk. На коминтентите во нашата големопродажна мрежа им нудиме инсталација и интеграција на потребен хардвер и софтвер, обука и 24 часовна поддршка преку нашиот Help Desk.

Услугата Плати Сметка овозможува плаќање на сметки за режиски трошоци од различни оператори. Услугата е достапна во малопродажните мрежи на ТОБАКО и онлајн на веб страната www.platismetka.mk. Склучени се договори за наплата на сметки со ЕВН Македонија, Топлификација, Водовод Битола и УЈП (плаќање на радиодифузна такса). Наскоро следи можност за плаќање сметки и за други режиски трошоци.

Под брендот БИЛЕТИ, ТОБАКО врши продажба на влезници за бројни културно-уметнички, забавни и спортски манифестации. Услугата е достапна во малопродажните мрежи на ТОБАКО, а детални информации за настаните можете да најдете на веб страната www.bileti.mk.





