ТОБАКО е водечка компанија на македонскиот пазар во доменот продажба на производи и услуги за широка потрошувачка. Делуваме во сегментите на малопродажба, големопродажба и електронска трговија. Располагаме со сопствена малопродажна мрежа која брои над 50 продажни места низ Македонија, додека големопродажната мрежа опслужува повеќе од 3.000 продажни места. Единствениот и препознатлив имиџ на компанијата го изградивме преку континуирано обезбедување на висококвалитетна услуга и богат асортиман на производи. Ги следиме прогресивните трендови и развиваме иновативни електронски услуги и решенија за електронска трговија за да ги задоволиме очекувањата на современиот купувач.