ТОБАКО АД нуди 200.000 обични акции по пат на јавна понуда. Минимална цена по акција изнесува 617 денари.


Датумот за започнување на рокот за запишување и уплата на акциите е 01.02.2012 година, додека датумот на завршување на рокот за запишување и уплата на акциите е 30.04.2012 година.


Постапката за запишување на акциите ќе се спроведува преку овластените учесници на пазарот на хартии од вредност - членки на Македонска берза.


Особено задоволство ќе ни преставува доколку имаме голем број на акционери и доколку голем број од тие акционери се наши редовни купувачи.


Одлуката за докапитализација е донесена уште во 2009 година во согласност со деловната стратегија е и во поддршка на планот за проширување на продажната мрежа. Во изминатите две години менаџментот напорно работеше за пре- структуирање на компанијата и подготовка за новата емисија на акции. Во текот на преструктуирањето соработувавме со PricewaterhouseCoopers, EBRD, USAID и IFC, кои помогнаа во поставување на современа структура на корпоративно управување и систем на управување со ризиците што би придонело за поголема вредност на идните акционери. Секако во текот на самата подготовка на Проспектот соработувавме и со неколку организации како НЛБ Тутунска Брокер АД Скопје и Grant Thornton ДОО, кои имаа консултативна улога. Kомпанијата има реален бизнис план и веќе изградена позиција на пазарот кои би требало да побудат интерес кај инвеститорите, а особено во услови кога другите можности за оплодување на капиталот се ограничени. Основно верување на менаџментот е дека инвестирањето во услови на криза е од стратешка важност за успехот на компанијата на долг рок. Деталите за Стратегијата и Планот за развој се опширно опфатени во Проспектот. Средствата од јавната понуда ќе бидат насочени кон инвестиции во продажната мрежа и кон оптимизација на структурата на капиталот во согласност со Бизнис планот на компанијата. Намената на средствата е распределена така да обезбеди добар поврат на инвестиција на акционерите. Тоа што е напишано во Проспектот е обврзувачко и менаџментот на компанијата мора да се стреми да ги оствари целите кои се опишани во него. Реализацијата на планот на развој ќе се заснова на остварување на клучните фактори за успех преку искористување на конкурентските предности. Планот за развој опфаќа проширување на малопродажната мрежа, зголемување на приходите од услуги и зголемување на приходите од маркетинг активности.