ТОБАКО има сопствена малопродажна мрежа која се состои од над 50 продажни места распространети на целата територија на Македонија. Ги следиме светските трендови и континуирано ја збогатуваме палетата на производи и услуги ставајќи ја потребата на купувачот секогаш на прво место. Во нашите три продажни мрежи TOBACCO, Together и 24/7 ќе најдете висококвалитетни производи и услуги, насекаде во секое време.
ТОБАКО има своја големопродажна мрежа која опслужува 3.000 продажни места низ Македонија. Располагаме со сопствен возен парк од 30 возила со кои успешно и навремено вршиме дистрибуција до клиентите. ТОБАКО е застапник и дистрибутер на следните реномирани домашни и странски компании и брендови: Т-Мобиле и Македонски телеком, Народна банка на Република Македонија, AXXON Trading Starvin, WYZER и JAKE.
Ги следиме прогресивните трендови и развиваме иновативни електронски услуги за да ги задоволиме очекувањата на современиот купувач. Развиваме решенија за електронска трговија и имаме сопствен процесинг центар. Во доменот на електронски услуги располагаме со сопствена апликација за надополна на припејд сметки, систем за плаќање на сметки за режиски трошоци како и систем за продажба на билети.
ТОБАКО нуди можност за закуп на рекламни површини на повеќе од 50 продажни места низ Македонија. Огласните површини се наоѓаат на атрактивни локации во централните подрачја, во близина на главни раскрсници, плоштади, автобуски и железнички станици, покрај кои во текот на денот минуваат илјадници луѓе и возила. Вашата реклама ќе ја видат преку 50.000 купувачи кои секој ден пазарат во продажните мрежи на ТОБАКО.